Вчера попладне земјотрес во Скопје

Loading...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера попладне во 17 часот и 48 минути регистрираше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2.6 чиј епицентар се наоѓа 35 километри, северно од Скопје на границата со Косово.
Земјотресот беше почувствуван во Скопје со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

loading...