Вечер е католички Бадник, а утре Божик

Сите припадници на римокатоличката и христијанските цркви кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар вечер го слават Бадник, ноќта спроти Христовото раѓање-Божик.
По преданијата, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеемската пештера и тој датум, со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. Бадник е еден од најголемите христијански празници во пресрет на Рождеството Христово.
Со Бадник завршуваат и шестнеделните Божиќни пости. Верниците, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет започнува свечената рождествова литургија. За време на неа верниците се потсетуваат на старозаветните пророштва и настани поврзани со раѓањето на Спасителот. По свечената литургија се оди на празнична вечера, која според обичајот е богата но посна.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.