Вељко Ражнатовиќ тргнува по стапките на мајка му и сестра му: Синот на Цеца пропеа?

Loading...

Синот на Цеца Ражнатовиќ и покојниот Аркан, Вељко го чека своето прво дете. Неговата тазе сопруга Богдана наскоро треба да се породи, а тој за прв пат да стане татко.
И додека сестра му Анастасија реши да тргне по стапките на нивната мегапопуларна мајка па започна да прави музичка кариера, машкиот потомок на Цеца и Аркан се оддаде на спортот, поточно на боксот. Вељко професионално и се посвети на како што ја нарекуваат „племенитата вештина“, па во своите мечеви досега редеше само победи.


Јавноста наголемо почна да тврди дека сестра му Анастасија во себе го носи генот на нивната славна мајка Цеца, а Вељко тоа го наследил од татко им, покојниот Жељко Ражнатовиќ-Аркан, од нигде-никаде стигна демантот.
Имено, во јавноста одненадеж осамна видеоснимка на која верувале или не, Вељко пее! До душа не своја песна, зашто и ја нема и не на микрофон, туку врз веќе пуштениот плеј-бек, но сепак синот на Цеца се снимал како пее во живо и на општо изненадување, „боксерот“ тоа го прави повеќе од добро!

Штик проба за да се види како ќе реагира јавноста или само мала забава, допрва ќе видиме!? Сепак, нека не ве изненади ако Вељко преку ноќ реши да го остави боксот, па наместо боксерските ракавици в рака да го земе микрофонот и рингот да го замени со естрадната сцена.
Впрочем и помалку талентирании од него веќе оддамна пеат, а и од естрадата очигледно многу подобро се живее отколку од боксот!
Конечено погледнете го видеото и за прв пат слушнете како пее Вељко Ражнатовиќ?

 

loading...