Веќе се знае колку потрошила и Гордана Силјановска Давкова за кампањата

Откако претходно видовме колку потрошиле на кампањата Стево Пендаровски и Блерим Река сега ги имаме и податоците за третиот претседателски кандидат.  Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател подржана од ВМРО-ДПМНЕ во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра, а како приходи пријавила 203 илјади евра од донации. Ова го покажува финансискиот извештај кој е објавен на веб страната на Државната изборна комисија. Овој извештај се уште не е објавен на страната на Антикорупциската комисија.
Според овој извештај на сметката за кандидатката за претседател легнале донации од 250 граѓани од кои наголеми донации уплатиле потпреседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски 3 илјади евра, пратеникот Антонио Милошоски по две ипол илјади евра, додека поранешниот градоначалник ја поддржал нејзината кандидатура со 100 илјади денари, односно 1.600 евра.

 

Loading...