Вивиен Вествуд ја повика Кејт Мидлтон да купува помалку облека

Loading...

Британската модна креаторка Вивиен Вествуд, убедена еколошка активистка, ја повика сопругата на принцот Хари, сега војводата од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, значи војвотката од Кембриџ, поради зачувување на околината, да не купува премногу облека.

 
Пред ревијата на нејзината втора линија Red Label, во текот на лондонската Модна недела (Fashion Week) што се одржа викендов во британската престолнина, ексцентричната стилистка од новинарите била запрашана кој совет би ѝ го упарила на новата икона на стилот Кејт.
„Немам совет за неа, освен да облече понекогаш иста облека, бидејќи тоа би било многу добро за околината и со тоа во испратила многу добра порака”, изјави 71-годишната Вествуд.
„Ако е потребно толку напор за да пронајдете облека која ви одговара, тогаш би требало да ја носите извесно време”, изјави славната креаторка која во неделата на ревијата ја делела „Повелбата за климатската револуција” со којашто повикува на помалку купување и добар избор кој треба да потрае.
„Со ова сакам да кажам дека нема потреба да се има црвена комбинација еден дека и речиси идентична сина утредента”, додаде Вествуд која носела маица со порака за поддршка на основачот на разоткривачкиот интернет ресурс WikiLeaks, Џулијан Асанж
Макфакс
Британската модна креаторка Вивиен Вествуд, убедена еколошка активистка, ја повика сопругата н

loading...