(Видео) „Во болница ми рекоа погрешен начин на третирање првично“, вели таткото на момчето кое почина во Литванија

Денеска во Скопје се одржа протест на семејствата на загинатите деца од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани каде загинаа 62 лица.

Еден од родителите, татко на момче кое почина во болница во Литванија, одржа емотивен говор пред Собранието каде кажа дека во болницата како причина му кажале „погрешен начин на третирање првично“.

„Одам во Литванија по него мислејќи дека ќе се подобри, а првата изјава од таму “Погрешен начин на третирање првично”. Треба да се најде вината, дали е во државата дали е во здравството или…. Секоја чест за децата од Црвениот крст најголема поддршка беа тие, само тие излегоа да ни дадат едно шише вода. Изгубени сме, ние не знаеме што правиме, 20 дена нема откако детето ни почина, на 7 ми почина. Не можам да размислувам, да носам одлука, да функционирам. Се ни е празно! Животот повеќе ни нема смисла.”, вели тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: