(ВИДЕО) Запалена куќата на Пандов во скопско Зелениково

Запалена е куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

Истата е сместена во скопско Зелениково, а според Пандов се работи за смислен атак на криминалците.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации?

Ова е цената за удирањето по мафијата!

Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!

Нема да не запрат и нема да не поколебаат.

Никој не е над законот!

Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!

Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“, вели Пандов.

Пронајдете не на следниве мрежи: