Видео колумна на “Ла Верита“: Могерини зошто молчиш?

Loading...
Утрово новинарот на “Ла Верита“, Ларис Гајсер наместо видео содржини од аферата “Рекет“ објави видео колумна изненаден што нема реакција од Федерика Могерини и Жан Клод Јункер кои “инсистираа силно за специјалната обвинителка“.
Гајсер во колумната прашува зошто Брисел молчи за случајот во земјава со објавените снимки од разговорите меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан Орце Камчев, нагласувајќи дека се чуди како нема реакција од Могерини и актуелниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кои според него, “силно инсистирале за специјалната обвинителка“. Изразувајќи убеденост дека “се уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите“, Гајсер прашува “како Федерика Могерини може да молчи пред криминалната реалност“.Според видеото тој се чуди зошто институциите на ЕУ не поднеле ниту еден институционален извештај.
– Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите. Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин. Во 2015., токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на Македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите, напиша Гајсер.
Новинарот е познат по своите екстремно десничарски ставови и по блискоста со лица од европската крајна десница, како и со претставници на ВМРО ДПМНЕ, додека весникот “Ла Верита“ во изминатите неколку години важи за медиум близок до сегашната опозиција во земјава.
– Во 2015, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите, пишува тој.

loading...