(Видео) КОЈ ВИКНА ТАКСИ НА СТАДИОН? Ова го има само во Бугарија

Натпреварот од 10. коло на бугарското првенство меѓу ЦСКА 1948 и Софија, кој заврши 1:1, веројатно ќе поминеше незабележан за пошироката јавност доколку еден смешен настан што се случи во 78-та минута не го привлече вниманието на сите – такси возило неочекувано влезе на стадион и се возеше околу теренот.

Возилото, кое изненадно се појави, возеше право кон корнер-знаменцето, а потоа го напушти стадионот, оставајќи ги присутните во неверување.

Не е јасно кој го повикал таксито или дали возачот дошол по клиент од трибините, но видеото од оваа бизарна сцена брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Коментарите на интернет беа полни со хумор: „Ова е Бугарија“, „Само тука може вакво нешто да се случи!“.

Иако инцидентот ја засени играта, навивачите ќе го паметат овој момент како еден од најапсурдните на фудбалските терени во поново време.

https://x.com/dizmanacom/status/1839221166013132970?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1839221166013132970%7Ctwgr%5E0778c7c5d1db7df08a27cbd7d0e2c71518b9bd4f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fko-vikna-taksi-na-stadion-ova-go-ima-samo-vo-bugari-a%2F

Пронајдете не на следниве мрежи: