( Видео) Леден циклон ја погоди Европа, измерени -35 степени

Северна Европа викендов е под удар на силен циклон, со екстремно низок воздушен притисок. Циклонот донесе обилен снег и бурни ветрови, заедно со снежна бура во Скандинавија и балтичкиот регион.

Во моментов, центарот на циклонот се движи преку Балтикот кон Русија, носејќи силен снег и силен ветер на својот пат.

Најобилен снег се очекува на југот на Финска, во балтичките земји и на северот и западот на Русија.

Истовремено во последниот дел од циклонот од север навлезе поларен воздух, па синоќа температурата во Лапнонија се спушти до -35 степени. Затоа, најстудено е на северот на Финска, а до -30 е забележано и на северот на Норвешка и на Шведска.

На северот на Русија е под -20 степени, а ледениот воздух сега се шири низ Русија на југ. Низ европскиот дел на Русија, температурите паднаа под -15, а ледениот воздух стигна до Украина, но и до регионот на Црното Море, каде што многу студена воздушна маса продрела се до крајбрежниот регион на Црното Море во Русија и Грузија, и поларните воздушната маса стигна до Кавказ и до централниот и источниот дел на Турција.

Во останатиот дел од викендот циклонот ќе донесе обилни врнежи од снег и бурни ветрови низ Источна Европа и Русија, а дожд и обилен снег ќе ја зафатат и Турција.

Она што е забележано е огромна температурна разлика над северна Европа. И додека температурата на северот на Финска, Шведска и Норвешка е под -30 степени, во крајбрежниот дел на југот од овие земји е околу повеќе од пријатни 0 степени.

За среќа, овој поларен удар нема да допре до нашата област, туку ќе се движи многу подалеку на исток и север, а источно од нас ќе навлезе далеку на југ сè до Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи: