(Видео) Приведен уличен дилер на дрога, продавал кокаин и марихуана во Скопје

На 03.07.2022 полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје.

По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги.

Имено, А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин.
На 03.07.2022 по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Во текот на денешниот ден (04.07.2022) од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по чл. 215 од Кривичниот законик.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.