(Видео) Тажна слика околу Брезница: Пожарите пеплосаа огромна површина

Тажна е сликата околу селото Брезница, пожарите ја пеплосаа околината, покажуваат најновите снимки на Центарот за управување со кризи.

Од вкупно 13 пожари денеска изгасени се 5, а активни се осум пожари. Еден од најтешките е пожарот во атарот на село Брезница кој сѐ уште се заканува на селото, соопшти директорот на ЦУК, Стојнче Ангелов.

Вториот тежок пожар е на Илинска Планина во Демир Хисар, состојбата е тешка, покрај пожарникарите на терен е и месното население. Тежок пожар има и во Охрид над Косел, таму се гаси и од воздух.

Гори околу ветерниот парк во Богданци, каде хеликоптерите не можат да дејствуваат поради силниот ветер.

Кај село Фурка во Гевгелија има пожар кој се приближува кој воен објект, а војската е таму за да го штити објектот. Активен е и пожарот кај Зеленград, Пробиштип и пожарот во близина на село Пласница, но и овој пожар предизвика вознемиреност на населението, соопшти Ангелов.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: