Видео: 72.000 бубамари на помош во трговски центар

Loading...

Oва не може да се виде секој ден! Во трговскиот центар “Mall of America” , кој е и најголемиот трговски центар лоциран во Минесота, како последен обид на управата , решавање на проблемот со вошките кои ги напаѓаат растенијата и се хранат со нив, се 72.000 бубамари кои ги пуштиле внатре.Трговскиот центар кој е седум пати поголем од Ноу Камп- во себе има повеќе од  30.000 растенија кои се нападнати од овие инсекти.
Бидејќи бубамарите ги јадат вошките, од управата се надеваат дека можеби тие ќе го решат проблемот со кој се соочуваат во водењето на ова џиновско здание.
Тие се пуштени пред неколку дена, кога се славеше денот на Земјата.
„Бубамарите се она што јас го викам биолошки одбрамбен систем“, вели Лајдел Њуби од управата на “Mall of America”.
Една бубамара може да изеде и до 5000 вошки, за време на својот краток живот кој трае од три до шест недели.
Сепак одредени посетители на трговскиот се плашат бубамарите да не им го сменат искуството кои го имаат со трговскиот, сепак оод управата велат дека тие нема да им сметаат во шопингот.Oва не може да се виде секој ден! Во трговскиот центар “Mall of America” , кој е и најголемиот трговски це

loading...