Виенски шницли

Loading...

800 г телешка кртина
3 јајца
150 г брашно
150 г лебни трошки
сол

31

Исечете го месото на четири парчиња. Ставете ги парчињата месо на најлонска фолија, покријте ги со фолија и со чук за месо исчукајте ги тенко. Посолете ги шницлите од двете страни и оставете да отстојат неколку минути.

Изматете ги јајцата со виљушка, а брашното и лебните трошки ставете ги во чинија.

Шницлите прво облепете ги од двете страни со брашно, свалкјате ги во изматени јајца и на крај облепете ги со лебни трошки.

4151

Истресете ја секоја шницла од вишок лебни трошки и веднаш ставајте ги да се пржат во поголема количина загреано масло.

67

Откако ќе заруменат од двете страни, ставете ги на кујнска салфетка за да се исцеди непотребната мрснотија.

loading...