Викендов Зоолошката градина во Скопје слави 93. роденден

Loading...
Скопската Зоолошка градина слави 93. роденден, еве какви активности ќе има преку цел денОваа година Зоолошката градина Скопје го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.
Со почеток од 12:00, ќе се забавуваме со Златно славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни маскотите.
За најсреќните посетители подготвивме супер подароци- електричен мотор, патување за двајца (плус дете) и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац генијалац.
Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители.
До роденденот, може сите вие да добиете повеќе шанси за да бидете потенцијален добитник на некој од подароците. Се што треба да направите е при посета во зоолошка, на билетарата да побарате купон, да го пополните и да го ставите во кутијата која се наоѓа на влезот.
Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.

 

loading...