Викендов не излегувајте без чадор:Циклонот Кристијан носи пороен дожд, грмежи и силен ветер

Loading...

Конечно доаѓа крај на долготрајната суша и тоа поради влијанието на циклонот Кристијан кој понатаму ќе станува се поизразен, соопштува метеорологот Славчо Поповски.
Утре ќе има слаби локални врнежи од дожд и тоа особено во јужната половина од државава. Во недела врнежите ќе ги има на повеќе места, за кон крајот на денот и вечерта од запад да стануваат се поинтензивни и да се прошируваат. Локално ќе има и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.
Во првите денови од следната недела врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат и повеќе од 30 л/м2 воден талог, додека на високите планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите на воздухот ќе опаднат во просек од 5 до 7 степени во одност на оние кој ги имаме сега.
Оваа временска ситуација конечно ќе стави крај на сушата и значително ќе ја намали можноста од појава на пожари, кои во периодов кој измина и тоа како ги имаше во нашата држава.

loading...