Викендов посебен сообраќаен режим во Скопје

Викендов од 9 до 16 часот ќе се воведе посебен режим на сообраќај во главниот град поради одржување на Меѓународниот ридско-брзински натпревар во автомобилизам „Награда на Град Скопје – Водно 2019“.
Стартот на натпреварот е од улицата „Тодор Александров“ се до Средно Водно. Поради тоа Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива натпреварот.

Loading...