Викендов променливо време, од вторник заладување

Loading...

Во текот на следните неколку денови, поточно некаде до вторник ќе продолжи променливото време со локални послаби врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините, повремено мешавина од дожд и снег има услови и на некои од пониските места. Понекаде низ котлините ќе има услови и за појава на замрзнат дожд, па затоа крајна претпазливост , прогнозира Славчо Попоски.
Ќе биде претежно тивко и покрај тоа што на некои места ќе дува слаб ветер од променлив правец, па така по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Минималните температури само понекаде ќе се спуштаат под нулата додека истите на повеќе места ќе бидат околу нулата.
Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени додека на југоисток истите можно е да се искачуваат и малку над 10 степени.
Веќе од вторник па натаму како што веќе и најавивме и информиравме, под влијание на изразен циклонски систем кој ќе се формира некаде над Италија ќе имаме почести и поинтензивни врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините каде снежната покривка значително ќе се зголеми, повремено врнежи од дожд и снег ќе има и на некои од пониските места особено на западот и северот од државава.

loading...