Викенд рецепт: Далгона мартини

Loading...

После рецептот за Далгона кафе што кружеше низ социјалните мрежи, луѓето започнаа да експериментираат, па така стана популарен и овој рецепт за далгона мартини. Погледнете го рецептот и пробајте го овој викенд!
Викенд рецепт: Далгона мартини
Потребни состојки:
50 милилитри Ирски ликер крем (Бејлис)
50 милилитри водка
2 лажици шеќер
2 лажици инстант кафе
2 лажици ладна вода
коцки мраз


Начин на подготовка:
Ставете го ликерот од кафе, водката и мразот во мешач за коктели и промешајте, а потоа ставете ја течноста во чаша за мартини.
Во еден сад додајте го шеќерот, инстант кафето и водата и мешајте додека не добиете пенеста смеса. Можете да користите блендер.
Смесата од садот додајте ја во чашата мартини и уживајте!

loading...