Викенд рецепт: Полнети двојно печени компири

Loading...

За повеќето од вас следува продолжен викенд, па ако се размислувате со што вкусно да ги израдувате домашните, а и самите себе, ние имаме еден предлог-рецепт за вас:
Полнети, двојно печени компири
Потребни состојки: 5 средни компири, маслиново масло, сол по вкус
За филот: 3 лажици кисела павлака, 2 лажици путер, 3 лажици обарен грашок, сол и мелен црн пипер по вкус, 50 г рендан кашкавал, 20 г рендан пармезан, 100 г обарена брокула
За декорација:50 г рендан кашкавал, свежо измелен црн пипер
Подготовка: Пред се’, со помош на дланките убаво премачкајте ги компирите со масло за јадење.
Наредете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење и печете околу 45 до 60 минути во загреана рерна на 190 степени.
-Кога ќе омекнат и ќе се зготват компирите, оставете ги да се изладат околу 10 минути. Со нож, пресечете ги на половина и со помош на лажица извадете го внатрешниот дел и ставете го во сад. Во садот додајте го путерот, киселата павлака, обарениот грашок и изренданиот кашкавал и пармезан. Промешајте и зачинете со сол и мелен црн пипер. Повторно промешајте и наполнете ги празните школки од компири.
-Наредете ги парчињата брокула и нарусете малку од ренданиот кашкавал. Печете ги повторно компирите во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Пред сервирање нарусете свежо измелен црн пипер.

loading...