Вики се огласи по приказната дека нејзиниот син сака да биде СВЕШТЕНИК: Ташке и јас го учиме да ја СЛЕДИ верата

и каков приватен бизнис започнале таа и нејзиниот сопруг
Пејачката Виолета Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Ташке се посветиле на приватниот бизнис, а таа сега откри за што точно се работи.
– Се трудиме да најдеме нешто најдобро и најадекватно за нашите колеги, се трудиме да вдомиме млади пејачи, да имаат покрив над главата. Пропагираме младите да инвестираат во вистински работи, а не во пороци и некои минливи работи кои се популарни и актуелни денес, а утре не. Мислам дека ова е многу убава работа што ни се случи и се гордееме со тоа, продаваме и ексклузивни станови, а истите тие станови, хотели, ресторани ги уредуваме – изјави таа за Гранд Онлајн.
На Бадник лавина позитивни коментари предизвика видеото кое се појави на социјалните мрежи, а на кое се гледа како синот на пејачката Андреј помага како волонтер на полноќната литургија, заедно со студенти од Теолошкиот факултет. Многу медиуми објавија дека синот на пејачката сака да биде свештеник, а таа сега го коментираше и тоа.
– Како што кажав, се трудиме да им бидеме пример на луѓето кои се во нашиот тим и на кои сме ментори, пред се на нашиот син и нашето семејство, како јавни личности и да ги водиме овие деца на вистинскиот пат и во ова лудило да им објасниме што е систем на вистински вредности и кон што треба да се стремиме, бидејќи во денешно време луѓето живеат лудо и брзо, лесно се измолкнуваат од линијата на вистинскиот пат и некако младите се понаклонети да одат по споредниот пат, бидејќи тоа е линија на полесен отпор. Уште од мали нозе го научивме синот на вистинските вредности, јас и Ташке сме верници, ги почитуваме сите вери, имаме пријатели од сите вери и се трудиме да го водиме нашиот син на вистинскиот пат, а тоа е да се придржува до верата и знае да ги почитува своите и другите вери и да помага уште од четврта, петта година кога се служи таа божиќна литургија – заклучила Вики за споменатиот медиум.

Пронајдете не на следниве мрежи: