Викторија Сикрет: Животните навики ми ја уништија женственоста, немам циклус

Loading...

Ангелот на Викторија, манекенка и модел – Австралијанката Бриџит Малком открила за “People” колку години трпела притисок за да биде слаба.
Таа помеѓу 17-тата и 25-тата година од својот живот честопати останувала без менструација, а тоа било знак дека мора да ги промени нејзините лоши навики.


Но, на почетокот диетите и исцрпувачките вежби биле знак дека Бриџит е на вистинскиот пат.
“Секогаш бев возбудена кога циклусот ми изостануваше. Тогаш знаев дека моите навики имаат ефект и дека сум слаба. Но, никогаш не се сметав себеси за доволно слаба, мојата перцепција навистина беше искривена”, напишала Малком на својот блог.

Таа вели дека секогаш им давала вистински совети на своите следбеници:
“Намалете го шеќерот, зголемете го кардиото”, ги советувала таа, а на себе испробувала сосема рестриктивни мерки секогаш кога колковите ѝ биле пошироки од 88 центиметри.
Бриџит Малком сега признава дека го сфатила својот проблем и дека од претходната година работи на тоа да престане со диетите, а истовремено работи и на своето ментално здравје.


Таа внела здрави масти во исхраната, престанала напорно да вежба и се ориентирала кон јогата.
“Нема да се откажам бидејќи сфатив колку си го загрозував своето здравје”, искрено проговорила манекенката која планира еден ден да стане мајка и затоа свесно работи на себе.
“Сакам реално тело кое е во можност да роди бебе”, истакнала таа.
Инаку, според нејзините зборови, многу манекенки немаат менструален циклус токму поради нивното изгладнување.

loading...