Виното „Т’га за југ“ во ново руво

Loading...

Најпознатото македонско црвено вино „Т'га за југ”, кое со својот автентичен вкус стана синоним за македонскиот дух и традиција, годинава слави 40 години од своето постоење на пазарот.

Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со нов изглед на виното „Т'га за југ”, кое покрај модерниот естетски изглед во себе ја содржи и автентичната македонска винска приказна.
Освен со новата етикета, виното „Т'га за југ” е веќе достапно и во т.н. „bag in box” пакување од 3 литри кое овозможува заштита на виното од оксидација долго по отворањето. ВВ „Тиквеш” најави и екстензија на оваа линија на вино, па во иднина љубителите на „Т'га за југ” ќе можат да уживаат и во бела „Т'га за југ” како и во „Т'га за југ” зреена во дабови, барик буриња.
„Нашата визија е создавање на врвни вина кои ќе ги задоволат вкусовите на модерниот човек на сите пазари во светот. Затоа, континуирано инвестираме во нови вкусови и ја збогатуваме нашата палета на вина. Но, истовремено винската индустрија е една од најавтентичните поради својата традиција. Токму затоа со еднаква посветеност работиме и на нашите традиционални вински брендови како што е виното „Т'га за југ”. Затоа создадовме и екстензија која ќе понуди едно ново видување на оваа винска приказна”, изјави Игор Илиевски, генерален менаџер на ВВ „Тиквеш”.
Минатата година на пазарот пласирани се вкупно 541.441 литри од виното „Т'га за југ”, во вредност од над 1,8 милиони евра. Половина од овие количини се пласираа на домашниот пазар, додека останатиот дел се пласира на пазарите во регионот.
На пазарот во Србија и во Хрватска „Т'га за југ” е едно од најпродаваните вина на ВВ „Тиквеш”. Во изминатите четири децении од првото појавување на „Т'га за југ” на пазарот досега се произведени 11, 2 милиони литри од ова вино.
„Т'га за југ” е вино со приказна, бидејќи во неговото создавање во голема мерка е втемелен македонскиот дух и емоција. Создавањето на виното кореспондира со почетоците на Струшките вечери на поезијата. Црвеното вино од сортата „вранец” кое специјално се испраќало до поетите со својот вкус им асоцирало на Македонија и топлината на луѓето и земјата. Затоа предложиле виното да се вика „Т'га за југ” исто како и елегиската песна на Константин Миладинов, во чија чест се одржуваат Струшките вечери на поезијата. Од 1973 година па до денес, виното „Т'га за југ” останува најавтентична винска приказна.
Макфакс
Најпознатото македонско црвено вино „Т'га за југ”, кое со својот автентичен вкус стана с

loading...
Loading...