Вистини и митови за љубовта

Loading...

 

Читајки ги правилата за љубовните врски наидуваме на секакви митови и вистини. Погледнете што од она што ни е врежано за љубовта е вистина, а што мит
Мит: Спротивностите се привлекуваат
Дека станува збор за мит, потврди и студијата на холандскиот Универзитет во Гронинген. Сосема мал е бројот на долги врски помеѓу целосно различни личности кои успеваат, а тоа е така пред се затоа што за да еден однос успее на подолг рок, потребно е партнерите да имаат слични ставови и погледи на светот, додека пак спротивностите можат само краткорочно да се поднесуваат, објаснува психологот Вејн Андерсон од американскиот Универзитет Мисури. Во таква врска ќе има поголем број на спротивставени мислења, отколку на заеднички договори. Најчесто едната страна ќе биде незадоволна.
Мит:  Партнерот може да се промени
Една од најчестите грешки во врските е мислата дека луѓето можат да ги менуваат партнерите. Било каков обид од овој тип може да резултира со распад на врската, а промената е можна само доколку партнерот тоа го сака и доколку мисли дека вреди да се менува.
Вистина: На изборот на мажи влијае менструалниот циклус
Зависно од менструалниот циклус, жените ги привлекуваат различни мажи. Во текот на овулацијата, тие одбираат секси и атрактивни типови, додека пред овулацијата, интересни им се стабилни и примерни мажи.
Така, припадничките на понежниот пол за време на овулацијата ги привлекуваат типови на мажи со повисоко ниво на тестостерон со кои што можат да создадат потомство.
Мит: Пред бракот подобро е да се живее заедно
Денес, повеќе од 80% од паровите живеат заедно пред и официјално да стапат во брак. Сепак, експертите тврдат дека заедничкиот живот го зголемува ризикот од разделба. Речиси една петтина од паровите кои што живеат заедно ја прекинуваат врската, додека пак тоа го прават само 12% од луѓето кои што не живееле заедно пред бракот.
Вистина: Феромоните влијаат на привлечноста
Феромоните се хемикалии излачени во потта и истите кај спротивниот пол можат да предизвикаат сексуална реакција.Така, мажите ги привлекуваат жените со нивната пот, односно дериватот на тестостеронот, андростендионот.Оваа хемикалија ги возбудува жените и ги прави посреќни, а влијанието трае и по неколку часа. 
Мит: Мажите се плашат од успешни жени
Иако успешните жени можат да делуваат по малку застрашувачки, на мажите пред се им се допаѓаат интелигентни и самоуверени партнерки. Тие во нив гледаат рамноправен партнер кој ќе им помогне полесно да се соочуваат со проблемите. 
Мит: Со сексот треба да се причека се до третиот состанок
Непишаното правило дека со сексот треба да се причека до третиот состанок не треба да се сфаќа буквално. Најважно е партнерот добро да се запознае пред да се впуштите во интимни односи.Така, доколку се почувствувате подготвени за секс и пред третата средба, сосема во ред е да се впуштите во интимни односи.Секоја врска е единствена и најважно е да го слушате сопствениот внатрешен глас.
Извор: lady.mk
 

Читајки ги правилата за љубовните врски наиду

loading...