Вишна десерт во чаша

Loading...

Состојки
2,3 мини ролатчиња на винчини, со вкус на вишна
1 овошен јогурт од вишна, 180 мл
2лажици кисела павлака
1лажица шеќер во прав
1лажиче рамно желатин
1лажица вода
кандирани вишни.ливчиња маточина

Прво во мал сад го ставаме желатинот и водата, за да набабри.
Во еден сад ги соединуваме кратко со миксер, овошниот јогурт од вишни, киселата павлака, шеќерот во прав.
Тука го додаваме и желатинот, кој сме го растопиле на многу тивок оган.
Мини ролатчињата ги сечиме на мали парченца, широки по 1 цм.
На дното и по страните на чашите ставаме од парченцата.
Чашите ги полниме со крем.
Ставаме кандирани вишни, ливчиња маточина и парченце од ролатчето.
Оставаме во фрижидер 1 час, па послужуваме

loading...