Ви недостасува идеја за ручек? Подгответе брзи и вкусни тестенини со печурки!

Loading...

Немате идеја што да готвите за ручек или рана вечера и покрај тоа не сакате да поминувате многу време во кујната по напорниот работен ден?
Овој рецепт е идеален за вас. Финото и едноставно јадење што го носиме денес се тестенини со печурки. Во рецептот има печурки, но ако сакате, можете да ги замените со друг вид. Ако сакате да подготвите вегетаријанска верзија, исфрлете ја сланината.
Потребни состојки:
450 гр тестенини
400 гр печурки
100 гр ситно сецкана сланина
1 главица кромид
4 лажици павлака
40 гр пармезан
1 лажица путер
2 чешниња лук
250 мл вино
2 лажици магдонос
Сол, бибер
Подготовка: Ставете да се варат тестенините. Во меѓувреме, стопете го путерот во тава, додадете го исечканиот кромид, а по неколку минути лукот. Кога ќе завршите, ставете ја сланината. По неколку минути додадете ги печурките исечени на парчиња. Пржете сè заедно околу 10 минути, а потоа додадете го виното и варете додека не испари. Додадете ги зачините, и на крај тестенините и неколку лажици вода во која се готви. Додадете павлака, пармезан и магдонос. Измешајте сè добро и сервирајте.

loading...