Едноставен колач кога ви се јаде нешто слатко, а немате многу време за подготовка на десерт.
Потребни состојки:
Две и пол шолји брашно
1 лажичка прашок за печиво
Половина лажичка сода бикарбона
375 мл кондензирано млеко
80 г црно чоколадо
Начин на подготовка:
Во сад измешајте брашно со прашок за печиво и сода бикарбона, промешајте па додајте кондензирано мелко. Откако ќе измешате убаво за да се соедини смесата, додајте исечкано чоколадо и промешајте.
Подготвената смеса прелијте ја во плех и печете на 220 степени или додека да добие златно-кафеава боја.