Вкусен домашен хумус

Loading...

Сигурно сте слушнале дека од наутот(леблебија) може да подготвите вкусен намаз – хумус.
Ова растение го чува срцето, го подобрува дигестивниот систем, го намалува холестеролот и е добар извор на селен при што е полн со антиканцерогени средства.
Хумусот е популарно јадење од Блискиот Исток, а стана тренд во исхраната ширум светот во изминатава деценија. Сѐ почесто може да се види и на нашите трпези, затоа што е здрав и исклучително вкусен.
Како да направите совршен домашен хумус?
Потребни состојки:
Половина килограм варена леблебија
1 чешне лук
1/5 лажичка кумин во прав
1/5 лажичка хималајска сол
1 лажица сок од лимон
1 лажица маслиново масло
Вода од варената леблебија
По ред додавајте ги состојките во блендер и мешајте 1 минута. Постепено додавајте по една лажица од водата и блендирајте, па направете совршен намаз.
Ако сакате луто, може да додадете чили. Хумусот се служи како предјадење или прилог. Украсете со сусам и чили во прав, магдонос или кисели краставички.

loading...