Вкусен леб со тиква

Loading...

Потребни состојки:
400 г пченично брашно
400 г шеќер
400 г пире од тиква
Половина лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
Половина лажичка прашок за печиво
1 лажичка цимет
1 лажичка мелено мускатно оревче
2 големи јајца
100 г путер


Начин на подготовка:
Пире од тиква: исечете ја тиквата на половина. Исчистете ги семките и ставете ја на 200 степени во рерна. Откако ќе се излади ќе ја излупите многу лесно. Направете пире со помош на рачен миксер. Промешајте брашно, сол, сода, прашок за печиво и зачини и тргнете на страна.
Во голем сад со миксер изматете путер и шеќер. Додавајте едно по едно јајце, а потоа и пирето од тиква. Изматете со миксер. Додајте ги сувите состојки и промешајте.
Префрлете ја смесата во тава премачкана со масло и брашно и печете на 180 степени околу 65 минути. Со чепкалка проверете дали е печено, потоа извадете ја и оставете да се излади околу 10 минути, па потоа извадете лебот од тава.

loading...
Loading...