Вкусни мафини од бајато компир пире

Loading...

Одлично решение за остатокот од ручекот!
СОСТОЈКИ:
3 мали шолји пире од компири
1 јајце
1 мала шолја рендан кашкавал
3 лажици сечкан свеж млад кромид
сол
бибер


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 190 степени, а калапот за мафини малку намастете го. Потоа во голем сад измешајте пире од компири, јајце, 3/4 сирење и 2 лажици млад кромид. Посолете и побиберете.
Распоредете ја смесата во калап па печете околу половина час, додека не станат златно кафеаи и по рабовите посипете го остатокот од кашкавалот, вратете во рерна да се растопи, 2-3 минути.Извадете,посипете со останатиот кромид и послужете.
Добар апетит!

loading...