Вкусни мини крофни од само две состојки

Loading...

Кога сакате да зготвите нешто на брзина, а немате можност да купите повеќе состојки овој рецепт дефинитивно ќе ви биде корисен.
Рецептот за овие крофни може да го направи и некој којшто никогаш во животот не готвел. Крофните може да ги консумирате во солена и блага варијанта, со џем или сирење, по ваш избор.
За тестото се потребни само две состојки, кои секој ги има по дома.
Потребни состојки:
140 г просеано брашно
190 мл јогурт
Начин на подготовка:
Измешајте ги брашното и јогуртот со миксер, додека тестото не биде без грутки. Смесата ќе биде густа, но леплива. Со лажица вадете од смесата и спуштајте ја во врел зејтин. Пржете додека крофните не добијат златеста боја од сите страни.
Потоа вадете ги на хартиена подлога за да го впијат вишокот масло, а по желба може да додадете шеќер во прав.

loading...