Вкусни полжавчиња

350 г брашно
3 јајца
200 мл млеко
1 лажичка шеќер
3 лажици масло
15 г сув квасец
200 г меко сирење
100 г тост шунка
100 г кулен
100 г зелени маслинки
сол
крупна сол
Замесете тесто од брашното, млекото, маслото, квасецот, шеќерот, 2 јајца и сол по вкус, и оставете да стасува 30-тина минути.
Со сукалка од стасаното тесто развлечете правоаголна кора со дебелина од 1 см. Премачкајте ја со сирење,  наредете ленти шунка и кулен, и нанесете исечкани маслинки. Свиткајте ролат, исечете кругови со дебелина од 1 см и наредете ги во тава прекриена со хартија.
Премачкајте со преостанатата изматена жолчка и наросете со крупна сол. Оставете полжавчињата да стасуваат 15-тина минути и печете 20 минути на 200 степени.

Loading...