ВЛАДАТА ГО ЗГАСНУВА СИМБОЛОТ: Сонцето од Кутлеш од Илинден ќе зајде за јавна употреба

Loading...

Владата од Илинден ќе го забрани за јавна употреба сонцето од Кутлеш, симболот што беше првото знаме во самостојна Македонија.
Од Владата чекале институциите да им јават каде сè го има сонцето од Кутлеш, по што ќе преземат дејства, но не откриваат повеќе детали на кој начин ќе се врши тоа, објави Слободен печат.
Во тој рок симболот ќе бил отстранет од јавниот простор, а сите споменици што упатуваат на античката историја и цивилизација ќе бидат соодветно означени, според Преспанскиот договор.


– На седницата одржана на 4 јули, Владата на РС Македонија го задолжи Генералниот секретаријат да побара надлежните институции да достават информација за спомениците, јавните и другите инфраструктурни објекти чии имиња се дел од античката хеленска култура и цивилизација, во чија надлежност се тие во однос на поставувањето и одржувањето и кој е носител на авторските права, доколку станува збор за уметнички дела. Воедно, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да побара надлежните институции да достават информација каде се користи или е вграден симболот на сонцето од Вергина во јавниот простор. Корективните дејства ќе бидат преземени по обезбедувањето на информациите, согласно со Преспанскиот договор и во зацртаниот временски рок, одговориле од Владата за весникот.
Уставните измени за промена на државното име беа изгласани на 11 јануари, стапија на сила на 12 февруари, а рокот за преименување на спомениците и за отстранување на сонцето од Кутлеш истекува на 12 август.

 

loading...