Владата и ПР-от и за ова лажеа: Не бил единствен од Балканот – И поранешниот бугарски премиер бил во истата спортска сала со Мицкоски

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков бил во истата спортска сала како и Христијан Мицкоски, каде се одржуваше претседателската парада, а не инаугурацијата на претседателот на САД, како што објави Мицкоски.

– Неколку зборови за моите впечатоци од вчера во Вашингтон, каде што бев поканет од моите добри пријатели од Републиканската партија да бидам дел од церемонијата за стапување на должност на новиот претседател на Америка.
Ја прифатив поканата за да добијам информации од прва рака за тоа каде се движи најголемата светска економија. Учествував на три настани:
На формален состанок на републиканските гувернери, конгресмени и сенатори (на затворена средба), имав можност да разговарам со присутните за приоритетите на следната администрација, вклучително и идејата на претседателот Трамп и посилно спроведување на Магнитски Акт.

Потоа сите гости имаа и покана за Capital One, каде имаше над 12.000 обични поддржувачи на Трамп. Се чувствуваше дека сите разбраа дека силата на новата администрација почива токму на овој силен ентузијазам на обичните луѓе од средните држави.
Врв на вечерта беше Балот на слободата, на кој присуствуваа голем дел од официјалните гости, а со тоа и заврши денот.
Денеска продолжувам со средбите еден на еден со републиканците, луѓето кои ќе бидат дел од следната администрација и некои мои пријатели во Демократската партија.

По утрешните средби, се враќам во Бугарија, убеден дека има работи од заемен интерес кои мора да ги придвижиме напред, и дека дијалогот со новата администрација мора да продолжи – не врз основа на идеологија, туку врз основа на реални практични политики од што Бугарија може да победи.
Трамп дојде, „Магнитски“ останува!
Поздрав од Вашингтон. – напиша Петков на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.