Владата на оваа земја воведе забрана за користење социјални мрежи- ова е причината

Владата на Шри Ланка денеска повторно воведе забрана за користење на социјалните мрежи со цел да го спречи ширењето шпекулации по избивањето насилство меѓу групи цивили во Негомбо, северно од главниот град Коломбо, и место каде беше извршен еден од бомбашките напади за време на католичкиот Велигден.


Бомбашките напади, кои ги извршија исламски екстремисти врз цркви и хотели на 21 април, во кои загинаа над 250 лица, предизвикаа страв за да можат муслиманите да бидат мета на насилства.
Прогласен е и полициски час во подрачјето на Негомбо до седум часот наутро по локално време.