Владата на Република Српска за прв пат ќе ја води жена

Loading...

Жељка Цвијановиќ (45) е прва жена која ќе ја води владата на Република Српска во Босна и Херцеговина.

Цвијановиќ на премиерската функција, на која го наследува Александар Џомбиќ, доаѓа со надеж да ја изведе земјата од финансиската криза, што беше причина претходната коалициона влада да поднесе оставка.
„Формираме влада во многу сложена финансиска ситуација”, рече Цвијановиќ пред пратениците во Бања Лука, што во вторникот ја избраа на високата функција.
Таа вети дека ќе бидат извршени неопходните реформи за подобрување на бизнис климата и да се убедат потенцијалните инвеститори дека ги вложуваат своите пари на сигурно место.
Проевропски ориентираната Цвијановиќ смени шест лица од составот на претходниот министерски совет.
Џомбиќ и неговиот кабинет поднесоа оставка во февруари, откако не успеаја да ги исполнат задачите во областа на економијата за надминување на последиците од светската финансиска криза и под притисок на растечката невработеност.
Во Босна и Херцеговина близу 42 отсто од луѓето се без работа.
Makфакс
Жељка Цвијановиќ (45) е прва жена која ќе ја води владата на Република Српска во Босна и Херце

loading...
Loading...