Владата на РС поднесува оставка

Loading...

Владата на Република Српска(РС) во среда поднесува оставка, а потоа претседателот на РС Милорад Додик ќе го објави името на новиот мандатар, јавува Блиц.

На состанокот меѓу претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи(СНСД) Милорад Додик и коалиционите партнери усогласени се ставовите за потребата за формирање на нова влада.
Додик потврди дека во среда ќе го соопшти името на новиот мандатар, а во сабота ќе упати барање за свикување на специјална седница на Народното собрание, на која би требало да биде избрана владата.
„Им должиме благодарност на сите министри што ќе си заминат бидејќи биле дел од екипата која придонесе РС денеска сосем поинаку да изгледа. Сакаме нов импулс во владата, некои луѓе кои се изморени да ги замениме со нови, да дојдат важни луѓе на СНСД”, истакна Додик.
Макфакс
Владата на Република Српска(РС) во среда поднесува оставка, а потоа претседателот на РС Милора

loading...