Владата на РС пред смена, Додик тврди дека нема криза

Loading...

Владата на Република Српска(РС) практично е пред смена, а нејзините актуелни министри ќе бидат првите врз кои ќе се фрли вината заради лошата економска состојба во овој босанско-херцеговски ентитет, јавуваат босанските медиуми.„Проценка е дека на владата и треба нов импулс, а можеби и нови луѓе. Ќе видиме дали е тоа можно со реконструкција или на некој друг начин“, изјави премиерот на РС, Милорад Додик, на состанокот во четврток вечер во Бањалука, на водството на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи.Додик рече дека не станува збор за никаква криза.„Ова е редовна состојба и нема никакви вонредни околности“, рече Додик.Аналитичарите и опозицијата се согласни во оценката дека Додик нема да дозволи било кој освен луѓето од неговата партија да го сочинуваат јадрото на новата влада.
МакфаксВладата на Република Српска(РС) практично е пред смена, а нејзините актуелни министри ќе бидат првите врз кои ќе

loading...