Владата се надева дека заедничката комисија ќе најде решение и за Гоце Делчев

Откако бугарската министерка Екатерина Захариева најави дека Бугарија може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин, денес портпаролот на Владата Мухамет Хоџа изрази надеж дека комисијата ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството.
– Се надеваме дека комисијата формирана меѓу двете влади врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство ќе изнајде решение во правец на пријателството и добрососедството меѓу нашите две држави – рече Хоџа на прес-конференцијата во Владата.

 

 

Loading...