Влада: Државјанството е македонско/граѓани на Република Северна Македонија

Владата на Република Македонија и новата пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и колицијата излегоа со заедничко соопштение.
Ја информираме јавноста дека со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот.
Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани.
Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/ граѓани на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Владата.