Владимир Путин е суспендиран од почесен претседател на Меѓународната џудо федерација по руската инвазија на Украина

Владимир Путин е суспендиран како почесен претседател на Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) по руската инвазија на Украина.

Путин објави војна на почетокот на оваа недела со најава на „специјална воена операција“ за „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина.

Путин со овој спорт се занимава од дете и има црн појас. Во 2012 година, 69-годишникот стана првиот Русин на кој му беше доделен осмиот дан, една од највисоките почести во спортот.

Но, ИЏФ сега ја суспендираше улогата на Путин по рускиот напад.

Во соопштението на ИЏФ се вели: „Со оглед на тековниот воен конфликт во Украина, Меѓународната џудо федерација објавува суспензија на статусот на г-дин Владимир Путин како почесен претседател и амбасадор на Меѓународната џудо федерација“.

ИЏФ, исто така, оваа недела соопшти дека е откажан настанот што требаше да се одржи во Русија.

„Меѓународната џудо федерација со жалење го објавува откажувањето на Грен слем турнирот 2022 година во Казан, Русија“, рече претседателот на ИЏФ, Мариус Визер.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.