Власта и бунтовниците се обвинуваат за употреба на хемиско оружје во Сирија

Loading...

Сириските бунтовници во вторникот ги отфрлија претходните обвинувања на владата на Сирија дека употребиле хемиско оружје и тврдат дека владините сили употребиле проектил од типот „Скад“ со хемиски материи, јавува Reuters повикувајќи се на неименуван претставника на командата на вооружената сириска опозиција.Сириската државана агенција SANA, го коригираше првичниот извештај од 16 жртви на 25 загинати, и 86 повредени од кои потенцира дека повеќето се во критична состојба. Агенцијата го илустрира својот прилог со фотографии од болничкото згрижување на настрадани во ракетирањето, меѓу кои наведува дека има многу деца.Претходно властите во Дамаск соопштија дека бунтовниците лансирале ракета со полнење со хемиски материи во областа Хан ал-Асали во Алепо, при што загинале 16 луѓе.Сирискиот министер за информации Омран ал-Зауби го нарече овој чин „прв акт“ на страна на опозициската привремена влада којашто претходно во вторникот во турската метропола Истанбул ги избра за премиер бизнисменот Ѓасан Хито.Како што пренесе Press TV, министерот ал-Зоуби додал дека Турција и Катар, кои ги поддржуваат бунтовниците во двегодишната борба против силите на владата на претседателот Башар ал-Асад, носат „правна, морална и политичка одговорност“, за хемискиот напад во близина на северниот град Алепо, вториот по голема град во Сирија, во кој загинале според него 16 луѓе а ранети се 86 други лица.Агенцијата забележува дека сириските бунтовници во неколку наврти соопштија дека сириските владини сили употребиле тактички ракети од типот „Скад“ (Scud). Вооружената опозиција, исто така, тврди дека владините сили користеле хемиско оружје, што Дамаск енергично ги негираше таквите обвинувања.
МакфаксСириските бунтовници во вторникот ги отфрлија претходните обвинувања на владата на Сирија дека употребиле хемиско оруж

loading...
Loading...