Власта одби амандман на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на социјални станови

На денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџет пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски предложи амандман со кој се бара да се обезбедат средства во вредност од 800 милиони денари за изградба на социјални станови за социјално загрозени семејства во Р.Македонија. Министерот за финансии, Драган Тевдовски амандманот не го прифати.
Мицевски дополни дека ова е еден проект кој што го започна претходната Влада, а бенефит од него имаа голем број граѓани, односно дека досегашните искуства се позитивни. Со ова се решаваат животни прашања на социјално загрозени семејства во Република Македонија. Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ има направено таква зграда во Штип каде подели 99 станови на социјално загрозени семејства, и рече дека се надева дека оваа Влада ќе го зголеми овој проект.
Исто така тој порача дека треба да се обезбедуваат средства за социјално ранливите категории за станови кои што ќе решат животно прашање на луѓето, а не да се даваaт пари во Фондот за иновации кои ќе завршуват на разни сомнителни начини.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.