ВМРО-ДПМНЕ ќе има кандидати Албанци за пратеници

Мицковски најави дека на следните листи за пратеници ќе има и кандидати Албанци. Тој вели дека е во контакт со Албанци и потенцијални кандидати од други етнички заедници и повтори дека ВМРО на следните избори цели да освои најмалку 61 пратеник, а приоритет за партнерство ќе има албанската опозиција.

Целта на македонската опозиција е на овој начин, како и СДСМ, да се приближи до квалификувано мнозинство, познато како Бадентер, анализираат домашните аналитичари. Некои од нив елат дека од последниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ, оваа партија има нов пристап.

ВМРО-ДПМНЕ гледа и научи дека како ексклузивна етничка партија може да победи на избори, но не секогаш како победник може да формира и власт, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. Затоа тој нов пристап кон Албанците има прагматична основа која ќе носи подобри и поконкретни резултати на партијата во однос на добивање на власт, независно дали е централна или локална власт.

Извор: СЛОБОДНА ЕВРОПА

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.