“Внимавај каде се паркираш во Тетово!“

Loading...

Еден од најчестите проблеми со кои се соочуваатграѓаните на Тетовое сообраќајниот хаос. И покрај воведувањето на зонското паркирање, тешко се наоѓаат слободни паркинг места.

Поради ваквата ситуација секој паркира каде што ќе стигне.Од една страна, општината не обезбедува доволно простор за паркинга од друга ако возачите се паркираат погрешно,експресно ги казнуваат.

На двата главни булевариво Тетово, „Илирија“ и „Илинденска“, сообраќајот се одвива на половина од коловозната лента поради паркираните комби такси превозници и други возила со што метежот во сообраќајот во овие улицистанува се’ поголем.

Покрај недостигот на паркинзи, значителен проблем за оваа состојба е и несовесноста кај дел од возачите, кои, на пример, со години паркираат на пешачката зонат на самиот плоштад.

Сообраќајната полиција не преземамерки за погрешно паркираните возила на тротоари или двојно паркирани возила.Затоа, нивната улога ја преземаа група активисти од Тетово кои на лошо паркираните возила им поставија “казнени билети“ со цел за зголемување на свеста кај возачите и  со апел да се внимава на безбедноста на граѓаните и пешаците чии простори за движење се узурпирани од непрописно паркиранитевозила.

Покрај предупредувањата, активистите поставија и пофалници на оние возила кои се прописно паркирани со цел да ги поддржат и истакнат  совесните возачи.

Ако се наоѓаш во Тетово, внимавај каде се паркираш, групата  на активисти те следи и те „казнува“.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори.

Акцијата “Внимавај каде се паркираш во Тетово!“е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...