Внимателност на европските берзи, во фокус деловните извештаи

Loading...

Меѓу инвеститорите на европските пазари на акции во понеделникот преовладуваше внимателност во пресрет на важните парламентарни избори во Италија, а фокусот е насочен кон мешовитите извештаи на компаниите.Лондонски FTSЕ падна за 0,1 отсто, на 6.321 поени, париски CAC се намали за 0,4 отсто, на 3.658 поени, а единствено во плус беше франкфуртскиот DAX кој се зголеми за  0,29 отсто, на 7.615 поени.Американските берзи денеска се затворени поради празник, а на европските берзи преовладува внимателност поради различните извештаи на компаниите.Четвртиот по големина производител на пиво на светот Carslberg ослабна за 6,8 отсто, откако ги вознемири инвеститорите со разочарувачки резултати и изгледи.Француската банка Natixis, пак, доби на вредност неверојатни 26,5 отсто, откако ги претстави плановите за поедноставување на синџирот на контрола, што го отвори патот за исплата на поголема дивиденда.Околу 38 отсто од европските компании кои досега ги објавија деловните резултати не ги исполнија очекувањата, што ги наведе аналитичарите да ги снижат проценките за добивка на компаниите во 2013 година, на 2,2 отсто.Стратезите укажуваат дека внимателноста на берзите дополнително ја зголемуваат претстојните избори во Италија, бидејќи инвеститорите ги мачи прашањето дали новата влада ќе продолжи со започнатите реформи.
МакфаксМеѓу инвеститорите на европските пазари на акции во понеделникот преовладуваше внимателност во пресрет на

loading...