Водата во шише не е секогаш најздрава: Ова е најдобриот начин да ја прочистите

Loading...

За водата да биде добра за пиење мора да ги мине тестовите во лабораторија и да добие дозвола од експертите да се користи за човекова употреба.
Некои од најголемите загадувачи се старата инфраструктура, разните хемикалии кои доаѓаат до водата и можат да бидат канцерогени и да го намалат имунитетот, нуспроизводите од индустриското производство, како и опасните пестициди.
За да бидете сигурни дека водата која ја пиете е исправна и добра, однесете ја во лабораторија на анализа. Проверете во каква состојба се цевките во вашата куќа, бидејќи кај старите цевки може да дојде до протекување или корозија. Куќите и зградите кои се изградени претходно мора да ја минат оваа проверка.


Чистете ги цевките така што ќе ја пуштите водата на посилно од време на време. Водата нека тече две до пет минути без престан за цевките да се исчистат.
Водата во шише не е секогаш најдобра вода за пиење. Од повеќето познати брендови, постојат некои кои не ги минале тестовите и во чии производи има до 8 видови на загадувачи.
Најдобро решение е да пронајдете адекватен филтер кој ја прочистува водата што ја пиете. На пазарот постојат бројни филтри кои се вградуваат директно во мијалникот.

loading...