Вода утре ќе нема дел од населбата “11 Октомври“

Од ЈП “Водовод и канализација“ е добиено известување дека на ден 18.09.2019 (среда), поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник ф-80мм на ул. “Лазар Димитров“, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населбата “11 Октомври“, во време од 09:00 часот до завршување со активностите.

Loading...