Водич низ најдобрите градови за шопинг во Европа

Loading...

Попустите низ трговските улици на Европа стануваат сè попривлечни во позадина на кризата во еврозоната. Релативно ниски цени, широк избор и квалитетна услуга привлекуваат многу купувачи во „традиционални“ месеци на распродажба – јануари и јули.  Каде можете да испазарите најповолно и најквалитетно? Секоја година списанието „The Economist“ составува ранг-листа на најдобрите места за шопинг на различни критериуми – од цените и изборот на културната средина до временскиот период. Базирано на нивната оценка, неколку дена пред почетокот на летните попусти, ајде да видиме кои се најдобрите градови за шопинг:
Лондон

Престолнината на Велика Британија се смета за вистински рај за љубителите на модата. Таму има сè: од продавници за антички предмети до ултрамодерни бутици, мали продавнички и огромни трговски центри. Лондонима што да понуди и на купувачите со дебели паричници, а и на оние со помалку.  Најпопуларната улица со продавници во Лондон и исто така и најдолгата трговска улица во Европа. Тоа е Оксфорд стрит. Цените таму се доста демократски, а изборот е огромен. Попустот за време на распродажба достигнува и 90%.  Други одлични места за шопинг во Лондон се и Риџент стрит и пазари од типот на Камден Таун – подрачја со многу мали продавници и прилично различни посетители. Улица на ВИП-бутиците пак е Бонд стрит, каде што често се облекуваат најпознатите. Во Лондон постои легенда дека понекогаш на Бонд Стрит се појавува и самата кралица.
Барселона

Над 35 000 продавници со речиси сите познати брендови се доволни за да ве уверат дека овој прекрасен град не попусто е сметан за еден од европските центри на модата покрај Париз и Милано. Барселона е позната по големите оутлети, а најголем од овој тип продавници е гратчето бутик Ла Рока Вилиџ, на околу 35 километри од самиот град.  Инаку повеќето продавници во градот на Гауди се лоцирани во центарот на „Пасео де Грасиа”. Тука можете да најдете најразлични бутици, да се восхитувате на најбрилијантните излози и архитектура. По дарежливи попусти прославен е уште и универзалниот трговски центар „Ел Кортни Инглес”, во кој може да се купат предмети по секој цена.
Мадрид

Вечниот ривал на Барселона за шопинг е Мадрид. Шопингот во Мадрид е поделен на региони. На пример во „Аргуелес” има многу студенти и продавниците се најчесто со облека за млади и се прилично евтини. Во мултинационалното соседството „Кватро-Каминос” е весело и бучно и таму се претставени повеќето шпански брендови. Во „Растро” пак, луѓето одат не само во посета на огромниот број на продавници, туку и да ја почувствуваат шпанската историја и да уживаат во бурниот секојдневен живот на Мадрид. Најпознатата и реномирана област во Мадрид е „Саламанка” – областа на дизајнерски брендови и најдобрите антикварници.
Париз

Иако повеќе не е единствената престолнина на шопингот, Париз нема изгубено многу од својот сјај. Таму најпопуларни за шопинг се следните трговски центри: на булеварот „Осман” се наоѓаат „Галери Лафајет” и „Прентам”. Во нив можете да најдете сè, од долна облека до скап златен накит. Една од старите големи продавници на Париз е „Бон Маршал”, во кој се нуди огромен избор на козметика и парфеми. Многу интересни стари предмети можат да се најдат на париските антички пазари. Најголемиот меѓу нив и во цела Европа е „Порт де Клинанкур”. А поевтини ќе најдете во „Порт де Ванв” каде дури може да сретнете и нешто од Chanel или Dior од 60-тите и 70-тите години. Вреди да се појде и во продавниците на „Елисејските Полиња”, да ја посетите „Монмартр” и да се прошетате низ деловниот простор „Ла Дефанс”.
Рим

Во Вечниот град на секој агол може да наидете на продавниче со исклучителни нешта, сепак прилично скапи. Ако сте дојдени баш за елитни брендови, тогаш Рим ќе ве пречека со отворени раце: Armani, Versace, Prada и цела парада познати модни имиња можете да најдете на Пјаца ди Спања, прочуениот плоштад во центарот на Рим. Дури и да не купевте ништо, во минатото се наплаќаше влез за во овие ексклузивни продавници.
На “Виа дел Корсо” ќе ги најдете побуџетските продавници. Таму има изобилство од брендови кои не заостануваат многу во луксузниот изглед. Меѓу младите многу популарна е и “Виале Маркони”.Впрочем The Economist го оцени Рим како “културно место за шопинг”.
Модниот водич на The Economist понуди и уште пет други града за одлично шопинг искуство, поточно Берлин, Лисабон, Амстердам, Прага и Будимпешта.Попустите низ трговските улици на Европа стануваат сè попривлечни во позадина на кризата во еврозоната. Релатив

loading...
Loading...