ВОЕНА ЗОНА НА ГРАНИЦАТА МЕКСИКО И САД! Војската на САД пука во членови на нарко картелот, се водат жестоки борби!

Британскиот весник „Сан“ објави драматична снимка од вооружен конфликт што избувна меѓу американската војска и нарко-картелите на границата меѓу САД и Мексико. На границата избија жестоки судири, како што може да се види на снимката.

Драматична снимка покажува американски војник како пука со митралез во вооружени гангстери кои се движат по автопат, во близина на главниот аеродром. Оваа ситуација доведе до прекин на летовите до понатамошно известување.

Сè се случува во градот Нуево Ларедо, во близина на границата со американската сојузна држава Тексас, а следува по апсењето на осомничениот водач на нарко картелот Рикардо Гонзалес, попознат како „Ел Рики“.

Едно неверојатно видео покажува како војник очајно пука додека лежи на патот, пукајќи во група криминалци што доаѓаат. Американскиот конзулат во градот издаде предупредување поради повеќекратните престрелки и судири кои се случуваат во градот.

Од американскиот персонал беше побарано да најде засолниште во оваа ситуација.

Гонзалес (22) е втор по команда на чело на североисточниот нарко картел. По апсењето, Гонзалес беше префрлен во затвор (FEMDO), а потоа го чека судењето.

Пронајдете не на следниве мрежи: